Премиерата на комедијата „Како да (не) снимиш мрсен филм“ во адаптација и режија на Диме Коцевски ќе се случи вечерва со почеток во 20 часот на сцената на кавадаречкиот театар во домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци. Всушност ова е првата претстава од проектот „30 гдини театарска дејност на Диме Коцевски“, омилен актер на кавадаречката публика кој зад себе има импозантен број одиграни улоги на сцената на кавадаречкиот театар во периодот од неговите тинејџерски денови па се до сега. Покрај актерството досега има значаен број на успешни театарски режиии, адаптации на драмски текстови и учество во 130 епизоди во телевизиски сериии. Диме Коцевски воедно е и коавтор на кавадаречките народни приказни од кои досега се снимени 15 и коавтор на многу успешниот проект„Лакардиите на Паја“.

– Комедијата „Како да (не) снимиш мрсен филм“ ја работевме по текст на Милан Гргиќ меѓутоа таа е целосно адаптирана со плус неколку додадени ликови и сцени од моја страна. Претставата е комедија на ситуации, со одлично разработени ликови и ситуации, со секојдневен и лесно препознатлив хумор кој многу успешно го донесуваат на сценат актерите. Се работи за актерска екипа составена од искусни и млади актери, и сметам дека токму тој спој ја прави претставата уште посимпатична за гледање. Од поискусните актери ќе ги видите Видан Станоев, Никола Деков и јас Диме Коцевски кој ја потпишувам и режијата на оваа претстава и на големо задоволство после подолг период на „Штиците што живот значат“ се враќа Деан Атанасов. Од младата актерска екипа тука се веќе со по неколку одиграни претстави : Сашко Орешков, Надица Ангелова, Сијче Трајкова, Кристина Јованов и Александар Видиков кој тргна по стапките на неговиот покоен дедо и доајен на кавадаречкиот театар Александар Видиков. Моето чуство е дека сите актери многу добро се носат со улогите и дека публиката вечерва ќе ужива а претставата ќе доживее многу репризни изданија . За претставата да си го добие коплетниот лик се погрижија: Сара Милевска костимограф и шминка, за сценографијата се погржи Диме Темков, музиката е на Пепи Ангелов а и нам многу значајни во оваа динамична комедија на ситуации сифлерите Благица Илиева и Мартина Крчева – вели за „Нова Македонија“ режисерот Диме Коцевски.

Проектот „30 години театарска дејност на Диме Коцевски“ ќе содржи уште една претстава и изложба а во најава е уште едно случување кое засега ќе остане како изненадување за љубителите на театарот во Кавадарци.
М.М