Неодамна екипите на Општина Гази Баба започнаа со изградбата на првиот голем мултифункционален парк, кој ќе биде на површина од 2.000 квадратни метри, во населеното место Триангла.

– Паркот се гради помеѓу пешачката патека и ООУ „Наум Наумовски-Борче“, во чии рамки ќе има повеќе содржини, комплетно хортикултурно уредување, ќе се изградат патеки со павер-елементи, ќе се постават ново улично осветлување, летниковец и повеќефункционална фонтана. На овој простор ќе бидат поставени и повеќе реквизити за детска забава, додека на едниот дел од паркот ќе се направи и парк за миленичиња – информира градоначалникот на Општината, Бобан Стефковски.

Со изградбата на мултифункционалниот парк ќе се изврши урбанизација на овој простор, кој во минатото често служеше за депонирање отпад.
Гази Баба ќе добие нов уреден простор за одмор и рекреација за жителите од сите генерации.