Македонската амбасада во Виена, Австрија во соработка со Ротари клубот Битола и Ротари клубот Битола Широк Сокак, заеднички реализираа донација на 50 болнички кревети за потребите на ЈЗУ Клиничка Болница Др. Трифун Пановски – Битола и
Здравствен дом – Ресен.
Покрај, болничките кревети, донацијата вклучува и перници за Инфективното одделение ковид-центарот во Клиничка болница Битола.
Донацијата од ваков тип не е прва за битолската болница од страна на Ротари клубовите. Бројните донации за битолската болница ја покажуваат посветеноста и грижата за здравјето на своите граѓани.
Соработката со македонската амбасада во Виена, Австрија, соработката со Ротари
клубовите од Битола, уште еднаш го потврдува фактот дека соработката на членовите е во насока да се постигне целта, заедницата да стане подобро место за живеење. М.М.