Полициски службеници во соработка со Шумската полиција деновиве спровеле акциска контрола при која од Љ.Н.(38) и М.Н.(49) од село Гостиражни биле одземени околу 11 кубни метри нежигосани дабови дрва без соодветна документација.
Исто така, информираат од СВР Битола, над Гостиражни биле пронајдени околу 8 кубни метри нежигосани дабови дрва, кои и се предадени на шумска полициска Прилеп.
Додека, пак, на подрачјето над Вештачко езеро во Прилеп било затекнато лицето Џ.А. и од него биле одземени запрежна кола натоварена со нежигосани дабови дрва од околу
1,5 кубни метри и една моторна пила. Во тој дел биле пронајдени и бесправно исечени
околу пет кубни метри огревни дрва.
Пронајдените исечени дрва биле биле подигнати од Шумска полиција Прилеп, а по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Овие активности се преземаат со цел спречување на дрвокрадците кои во Прилепско
направија пустош во шумите. Ка.М.