Најголемото признание во секторот на „продукт дизајн“ – „Red Dot Award 2022”, во категоријата на „Автомобили и мотоцикли“, беше доделено на Новиот 308! Првиот модел кој гордо го носи новиот амблем на брендот.
Педесетте членови на жирито на интернационалниот „Red Dot Awards” беа потполно импресионирани од неговиот „allure”, неговиот уникатен стил, високото ниво на квалитет употребен во дизајнот, како и иновативниот i-Cockpit. Секоја година, овие дизајнерски експерти доделуваат таканаречен „Design Excellence” во 51 „продукт“ категорија.
Потенцијалните клиенти од сите континенти се ослонуваат и му веруваат на признанието „Red Dot” како гаранција за квалитет, “smart” дизајн и врвна ергономија. Peugeot 308 е седмиот модел на брендот кој е награден со ова престижно признание, креирано во 1955 та година во Германија, и од тогаш важи за признание кое се доделува за најдобри дизајни ширум светот.
– Ние сме горди што го добивме ова признание „Red Dot Design Award” за Новиот PEUGEOT 308. Новото лого ја симболизира грижата, вниманието и страста која е употребена во креирањето на овој модел: уникатниот „allure”, уметноста и вештите раце на креаторите, технолошката извонредност, прецизност и иновативност која всушност го карактеризира овој дизајн. Оваа награда, најценета во секторот „продукт дизајн“, само покажува дека сме го направиле вистинскиот избор во дизајнирањето на нашиот нов автомобил – изјави извршната директорка на „Пежо“ Линда Џексон.
PEUGEOT 308: дизајн кој поставува нови трендови
Надворешниот дизајн на Новиот 308 беше пресуден за жири комисијата. Архитектурата на новиот 308 бенифицира од хабитабилноста и динамизмот на својата силуета. Ова е првиот модел кој ја носи новата решетка со новиот амблем, во кој се крие радарска и сензорска технологија. Вертикалниот светлосен потпис е комплетиран со Matrix LED предните светла (во GT и GT Pack ниво на опременост), кој обезбедува поголема ефикасност и безбедност на патот. LED светлата со 3 канџи на задниот дел се олицетворение на ДНК на брендот.
Во кабината PEUGEOT i-Cockpit® 3D (дигитален кластер над компактниот управувач) се карактеризира со i-Toggles конфигуративни копчиња, веднаш под интуитивниот екран на допир, налик на оној на smartphone.
Седиштата се AGR сертифицирани за својата ергономија и прилагодливост. Во внатрешноста импресионираат неколку селективни детали: LED амбиентално осветлување (избор од 8 бои) како и панели на вратите креирани од Alcantara® или делови од вистински алуминиум, во зависност од нивото на опременост.
Доследен на стратегијата „Power of Choice“ новиот PEUGEOT 308 е достапен со различни мотори. Покрај различните варијации на мотори со внатрешно согорување, PEUGEOT 308 понудува и два хибридни мотори.
Red Dot Design Awards
Ова е седми пат како Peugeot добива ваква награда, веднаш по 208 и 2008 во 2020 година, 3008 во 2017та година, TRAVELLER во 2016, првата генерација на 308 SW во 2014 и RCZ coupe во 2010.
Оваа награда – „Red Dot Design Award” е 11 та интернационална награда добиена од страна на Новиот 308, од неговото лансирање на крајот на 2021 година.
Основана во 1995 година, „Red Dot“ наградата е најпризнанена интернационална награда за квалитет и успешен дизајн. Red Dot Design Awards се случуваат еднаш годишно во три дисциплини: Продукт Дизајн, Бренд и Комуникациски Дизајн, и Концептен Дизајн. Жирито се состои од 50 интернационални експерти од различни
полиња: дизајнери, архитекти или учители. Повеќе информации во врска со организацијата Red Dot се достапни на следниот линк.