Сместено во срцето на Светата Долина во Перу, зданието со стаклена купола е единствен хотел и центар за одмор во овој крај, а првите посетители ги прими во понеделникот. Хотелот „Стар дом“ се наоѓа меѓу Куск и Мачу Пикчу и има необична геодетска купола што на гостите им нуди авантуристичко искуство. Со објектот ќе управува локалната заедница на староседелците на Кечуан, во соработка со Берман, пензиониран адвокат од Торонто.
На сите што ќе дојдат им се нудат широки можности за културно запознавање на локалитетот, активно учење, ритуални на лекување и излети до археолошките остатоци на зданијата на Инките.
– Перуанската Света Долина на сите посетители ќе им овозможи духовна обнова, бидејќи тука секој може да пронајде мир – вели портпаролот на хотелот „Стар дом“ во Перу.
Берман преку контакти со локалната заедница и шаманското учење успеал да пронајде исцелување и инспирација и на луѓето да им ги понуди своите искуства. Хотелот вработува само локално население, има сопствено земјиште за производство на храна и се служат традиционални јадења. Подовите се изработени од мермер, а куполата, според зборовите на портпаролот, е манифестација на „суров луксуз“, низ кој посетителите можат да го набљудуваат пејзажот. На долниот кат се сместени пет апартмани, а на горниот се наоѓа импресивен простор со стаклени ѕидови од подот до покривот, како и со телескоп за набљудување на ѕвезденото ноќно небо.