Да почнам со небитното. Нордистанците ја спукаа. Започна битка со прогласи. Така е тоа со младите нации. Се судрија околу прашањето од каде потекнува нордистанската раса. Првите или интелектуалната бижутерија напишаа проглас во кој, меѓу редови, ги прифаќаат бугарските корени. Убедени се дека тоа ќе ги одведе во Европската Унија. А штом влезат таму, низ вени ќе им протече сина крв. Наместо црвени крвни зрнца, ќе добијат жолти ѕвездички. Патем, Унијата ќе им ги плаќа сметките.
Втората група, со чесни исклучоци, позната по бетонирање на нордистанскиот идентитет, наеднаш одлучи да ги бара своите корени во македонизмот. Што е тоа македонизам? Изумрена форма на човечност, која во селото Нивици беше убиена за, наместо неа, преку генетски модифициран инженеринг да скројат абортиран зомби-сурогат наречен Нордистан. Како и да е, втората група нордистанци наеднаш се сетија дека коренот им е македонски.
Немам проблем со нивната битка. Кога се нациите млади, без разлика дали се појавуваат во минатото или сега, ги бараат своите корени и вообичаено заглавуваат во митологија. Најчесто во погрешна. Па, така, варварските германски племиња корените на својата „цивилизација“ ги најдоа кај Хелените. Хелените, пак, инсистираат на македонски идентитет, ама Африканци се. Французите се германско племе, но тврдат дека се Гали. Бугарите се забегани, оти својот идентитет сакаат да им го наметнат на сите. И така натаму. Само на Македонците им беше забрането да си ги бараат македонските корени. Затоа го ликвидираа македонизмот.
И нордистанциве исто. Повеќето потписници на двете струи активно учествуваа во ликвидација на македонизмот. Создадоа нација без идентитет. Нордистанското зомби. И тука треба да си ги бараат корените, а не во забеганата бугарска приказна или во убиениот македонизам. Митологијата им е создадена во кујните на „длабоката држава“, отвореното општество на затворените умови, во амбасадорските џебови и темните ходници на тајните служби. Нивици е нивниот Олимп. А со македонизмот, бидејќи е света работа, вистински ќе се занимаваат некои идни генерации за педесет, сто години, исчистени од идолопоклонството кон лажните западни вредности, но и од конформизмот, себичноста и злорадоста.
А кој ќе победи кај двете нордистански струи, не ме интересира. Не им се мешам. Ако победат разбудениве „македонисти“, тоа ќе биде задоцнета и Пирова победа. Ако победат благоданежниве, океј е, и онака нација без идентитет не е битно дали има бугарска или марсовска приказна, а јас изгубив премногу редови за небитни нордистански работи.
Пред извесно време, судот во САД му ги укина репресивните закони на Бајден околу ковид-19. Посебно задолжителната вакцинација за одење на работа. Австрија, пак, од први февруари воведува токму задолжителна вакцинација. Британија за две недели ги укинува сите ковид-мерки, вклучувајќи ги и сертификатите. Концлогорот Австралија е во паника. Ем највакцинирани, ем вообразени, ем излегоа невидени глуперди. Ене ги, само кенгурите не им се заразени. Израелците си ја маваат главата од ѕидот на апсурдот. Се прашуваат кој Мамон ги натера толку да се бодат, кога пак се заразуваат. Британската влада излезе со докази дека оние што примиле трета вакцина, веќе никогаш нема да си го вратат природниот имунитет. Паралелно, низ светот се тера пропаганда за трета вакцина. И каде е тука науката? Докторите ги сведоа на дефиницијата на монтипајтоновецот Греам Чепмен. Тоа се само бивши студенти по медицина. И знаеме ли кај тераме? Е, тоа е интересно прашање. Оти глобалистиве веќе не знаат каде тераат. Затоа најпаметно е да ја нападнат Русија.
Така размислуваат лудаците. Деновиве се изначитав наслови. Поданичките мејнстрим-медиуми полудеа. Сите пишуваат дека еве, веќе утре, Русија ќе ја нападне Украина. Иако Русија цело време одрекува. Очекувам аздисаниве толку да забегаат што сами ќе облечат руски униформи и ќе ја нападнат Украина, за да им се остварат обвинувањата кон Русија.
Фарсата се повторува како историја. Идентично вака медиумите хистерично врескаа пред нападот на Ирак. Идентично вака изопачени политички креатури врескаа дека Ирак мора да се нападне затоа што произведува хемиско оружје. Нападнаа и убија стотици илјади невини луѓе. За хемиското оружје нецивилизираните варвари лажеа. Фала му на Бога што Русија не е Ирак. Ако удрат по неа, жртви нема да има само на руска страна. Катастрофата ќе биде планетарна. А можеби човештвото и го заслужува тоа. Оти како да ја сфатиме гротеската околу Новак Ѓоковиќ ако не како крај на цивилизацијата?
Во Нордистан ќе речат законот важи за сите, па и за Новак. Тоа хистеричните прогресивци што глумат легалисти. Додека така им одговара, оти ги заболе нив за закон кога се гази со политичка одлука што е во корист на нивната матрица. Фејсбук „патриотите“ ќе ти вреснат дека Ѓоковиќ е факинг Србин, а ние мора да се свртиме кон нашите тениски ѕвезди кои ги немаме, па затоа треба да правиме филм за Јонче. И едните и другите тресат глупости.
Гротеската со Новак нема врска ни со закон ни со националност. Ако беше до законот, тенисерот ја доби Австралија на суд. Она второто судење стана обична фарса. Судот пресуди дали министерот има право лично да депортира некој што не му се допаѓа. И ете, Ноле не му бил по ќеф, оти им ја разголе налудничавата „нацифашистичка“ агенда. Наводниците се затоа што станува збор за модерен вид на холокауст. Што се однесува пак до националноста, Новак е светска приказна. По Асанж, Путин и Сноуден, Новак Ѓоковиќ стана четвртата најважна личност за човештвото во 21 век. И тоа е добро за нас и векот. Џулијан Асанж ни ја документира монструозноста на моќта. Затоа сега темнува во прангите на злото. Владимир Путин го донесе балансот во светот. Каков-таков баланс, ама за почеток многу потребен. Сноуден ја објави агресивната налудничавост на оние што себеси се доживуваат за богови.
Оние што го отворија светскиот гулаг, пикајќи се во интимата на секого од нас. Мораше да бега во Русија за да не го стигне раката на диктатурата.
Тука се надоврзува Ѓоковиќ. Тој ги соголи лицемерството, забеганоста и морбидната реалност на она што го живееме последниве две години. Ковид-19 е опасен вирус, но ова околу нас повеќе е политички, економски, воен и социолошки експеримент отколку реална грижа за човештвото. И да, може да не ви се допаѓа ова што го пишувам, ама времето ќе покаже колку сум во право. Нели, македонисти?