Словачката Влада одлучи од утре земјата да е затворена во следните две недели поради зголемениот број на новозаразени лица со ковид-19.
– Од четврток, 25 ноември, во Словачка ќе биде воведен „локдаун” низ целата држава – изјави вицепремиерот Рихард Сулик.
Затворањето вчера го најави претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, која истакна дека земјата ја губи битката против Ковид-19 и оти е потребно заклучување за сите граѓани.