Во изминатата недела стабилизирана е состојбата со ковид-19 во Прилеп. Како што
информираат од Центарот за јавно здравје намален е бројот на новозаразени лица во периодот од 15 до 21 ноември, во однос на претходната недела.
– Во изминатата седмица се регистрирани 133 новозразени лица и девет починати од ковид-19. Претходната недела, од 8 до 15 ноември имавме 191 новозаразено лице новозаразено. Моментно како активни случаи се водат 392 лица. Има намалување на новозразени, со што се стабилизира состојбата. Од почетокот на пандемијата во Прилеп се регистирани вкупно 10.007 заразени од ковид-19 и 490 починати – вели Драгица Николоска, директорка на ЦЈЗ – Прилеп.
Најголем дел од новозаразените се на возраст од 29 до 59 години.
Во болницата, вели директорката Кети Смилеска се хоспитализирани 18 пациенти.
-Од хоспитализираните 14 се на кислородна поддршка. Поголем дел се повозрасни лица и претежно невакцинирани. Има заразени и вакцинирани, но тие се со полесна клиничка слика – вели Смилеска. Ка.М.