По повод Денот на пожарникарството 20 мај, градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, и претставници на Советот на општина Битола положија цвеќе пред спомен-плочата пред ТППЕ Битола.
Градоначалничката Петровска им го честиташе денот на битолските пожарникари, при што потсети дека во изминатите години, многу е вложено во подобрување на условите во ТППЕ Битола.
– Во тек е јавна набавка за нови 24 униформи, летни и зимски, а минатата година беа набавени 14 униформи, во вредност од околу 2 милиони денари. Во изминатите три и пол години се вклучени нови пожарникари, а во наредниот период ќе и нови лица, што покажува дека ваков подем во опрема и кадар не е направено години наназад. Со новиот ребаланс на буџетот се предевидени средства и за реконструкција на покривот на зградата на ТППЕ – рече градоначалничката Петровска при посетата на ТППЕ Битола.
Минатата година ТППЕ доби ново противпожарно возило од 97.000 евра, а претходно беше набавена заштитна опрема за работа во вредност од 60.000 евра. Инвестициите обезбедуваат создавање на подобри услови за самите пожарникари, како гаранција за нивната безбедност, но и гаранција за безбедноста на граѓаните, при делување на териториите на општините Битола, Новаци и Могила.
На 20 мај во 1836 година во Битола бил формиран првиот противпожарен одред на Балканот, кој е меѓу првите во Европа.
М.М.