Јапонските трговски центри, барови и театри се затворени од неделата, како дел од вонредните мерки што ќе бидат во сила во наредните 17 дена, со цел да се забави наглото зголемување на заразата со коронавирусот.
Вонредна состојба е прогласена во Токио, Кјото, Осака и Хјого, во пресрет на празникот „Златна недела“, период од годината кога Јапонците обично патуваат многу.
Постојат сомневања за ефективноста на мерките за време на кои рестораните и тематските паркови ќе бидат затворени или ќе имаат намалено работно време, додека училиштата ќе останат отворени, како и присутните гужви во јавниот превоз и на улиците.
Јапонија воведе вонредна состојба по трет пат поради коронавирусот.
Вакцинацијата оди бавна, само еден процент од населението досега примило вакцина, пишуваат медиумите.
Една од причините е што Јапонија бара дополнително тестирање на вакцините одобрени во странство, и сега користи само на „Фајзер“.
Властите во Токио ја очекуваат својата вакцина следната година или најдоцна во 2023 година.
Досега околу 10.000 луѓе починаа од коронавирус во Јапонија.