Покрај брегот на Нов Зеланд научници кои ги проучуваат ајкулите открија три вида во длабоките води кои светат во темница, вклучувајќи еден кој сега е најголемиот познат светлечки ‘рбетник, пренесуваат светските медиуми.
Биолуминисценција е широко распространет феномен во морскиот свет, но сега првпат е пронајден во ајкули. Црната ајкула, која може да порасне до 180 сантиметри, научниците ја именувале како „џиновска ајкула што свети“.
Големите морски длабочини се еден од најмалку проучуваните екосистеми на Земјата. Овие ајкули живеат во она што се нарекува „зона на самракот“ на океаните, на длабочина меѓу 200 и 1.000 метри, каде што сончевата светлина не продира.
Научниците веруваат дека светлечкиот стомак им служи на ајкулите како камуфлажа од можни закани во темнината или за осветлување на океанското дно во потрага по храна.