Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди регионот северозападно од Лариса во централна Грција, соопшти геодинамичкиот институт на Атина. Нема првични информации за повредени или за причинета материјална штета, објави грчки „Катимерини“. Европскиот медитерански сеизмолошки центар првично соопшти дека јачината на земјотресот била 6,2 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот погодил во 12.16 часот по локално време, на длабочина од 20 километри, во подрачје оддалечено 24 километри од Лариса. Потоа уследил уште еден потрес со јачина од 4,6 степени.
Земјотресот бил почувствуван во западна Грција, Атина, но и во Македонија и во Бугарија.