Ракометарите на Металург ремизираа против фаворизираниот шпански вицепрвак Адемар Леон 27-27, во возбудливиот дуел од 10. коло на Лигата на Европа, одигран денеска во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Металурзите беа во постојано водство од самиот почеток на средбата, со што имаа и четири гола повеќе од ривалот (19-15) во 34-та минута, но гостите успеаја да направат пресврт во завршницата со серија од пет гола наспрема еден, стигнувајќи до предност од 27-25. Македонскиот претставник покажа голема борбеност и преку Мартин Серафимов и Василие Калуѓеровиќ дојде до реми во последните две минути.
Серафимов со седум гола беше најефикасен кај Металург, додека Калуѓеровиќ постигна пет, а Марко Тарабокија четири погодоци. Кај гостите од Шпанија се истакна Гонзало Перез Арсе со седум реализирани удари.
Металург на тој начин го заврши учеството во континенталното натпреварување со четири освоени бода од 10 средби, додека Адемар обезбеди пласман во осминафиналето и во пресрет на дуелот во Скопје.