Вие ни јавувате
И оваа година ученици од основното и подрачното училиште „Рајко Жинзифов“ од населбите Драчево и Пинтија во Скопје со заедничка лична творба му искажаа чест на големиот македонски преродбеник. По повод денот на нивниот патрон, членовите на литературната секција, под водство на наставничката по македонски јазик Елена Ристевска, твореа заедно.
– На 15 февруари оваа, како и претходните години се потсетивме на човекот што отсекогаш се вбројувал меѓу оние литературни дејци што многу придонеле за татковината. Неговиот лик и творештво за нас се ѕвезда водилка на небото, која како патоказ ни го осветлува вистинскиот пат кон светла иднина – велат учениците од ова училиште.
Во продолжение можете да ја прочитате нивната литературна творба.
Рајко Жинзифов
Рако Жинзифов,
наш славен деец,
пишувал стихови разни
за деновите да не му бидат празни.
Заедно со Миладинов
во Русија се преселиле,
и со нивните творби
луѓето ги развеселиле.
Роден во Велес,
во семејство на Власи,
не ни знаел дека
неговото дело
ѕидовите на многу училишта
ќе ги краси.
За со светот да сподели
тој напишал поема,
за сѐ што турското ропство
на народот му го одзема.
За краток период
многу творби објави,
а во Москва во 1877 година
душата си ја остави.
Денес за секого
е инспирација,
правец ѝ дава
на новата генерација…