Легендарниот фудбалер на Милан, Паоло Малдини, повторно се враќа во клубот. Тој речиси целата кариера ја помина во Милан, а сега ќе ја преземе функцијата менаџер за развој на спортот во клубот.
Малдини по завршувањето на фудбалската кариера, не сакаше да остане во Милан поради тогашната раководна структура предводена од Силвио Берлускони.
Но, со смената на сопствениците и раковотството, а на општо задоволство на навивачите, Малдини се врати во клубот чиј дрес го носеше повеќе од две децении.
Од новата позиција тој директно ќе соработува со спортскиот директор Леонардо, на чие инстистирање наводно е ангажиран.
Неговата официјална промоција е закажана за утре.