Од Центарот за јавно здравје – Прилеп, информираат дека изминатата седмица, во периодот од 4 до 11 јануари годинава, во општина Прилеп имало 122 нови случаи на ковид-19.
Од последици на коронавирусот починале 7 лица. Бројот на активни случаи изнесува 357.
58 лица се наоѓаат на болничко, 299 на домашно лекување, а 43 се лекуваат во дневната болница. На кислородна поддршка се наоѓа 41 пациент. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 432 лица.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 изнесува 4.383. Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 221 лица. Ка.М.