Првите Американци ќе ја примат вакцината против ковид-19 на 11 декември, изјави шефот на американската програма за вакцина против коронавирус, Монсеф Слауи.
– Нашиот план е да обезбедиме вакцини на одредени локации за имунизација во рок од 24 часа од одобрувањето – рекол тој во интервју за Си-ен-ен.
Исто така додал дека се надева дека колективен имунитет би можел да се постигне до мај следната година.
– Со 95 отсто ниво на ефикасност, вакцинирањето ќе овозможи вистински колективен имунитет кај 70 проценти од населението. Тоа може да се случи во мај – рекол Слауи.
Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Биоентек“ во петокот побараа од американската агенција за борба против лекови (ФДА) да им ја одобри вакцината против ковид-19.