Во изминатите 24 часа, во Србија биле спроведени 10.381 тест за ковид-19, при што позитивни биле 467 лица – што е рекорд во однос на дневната бројка на заразени од почетокот на епидемијата во земјата.
Во последните 24 часа од компликации поврзани со ковид-19 починале осум лица. пренесоа српските медиуми повикувајќи се на податоците од здравствените власти. На респиратори во српските болници, во моментов се 169 пациенти.