Владата на седница ја прифати оставката на Даниел Дончев од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување.
Во текстот на оставката Дончев навел дека се повлекува од позицијата поради приватни и семејни причини, информираат од владината прес-служба.
Дончев, претходно изјави дека планирал тоа да го направи и порано.
– Имав намера и порано да го направам ова. Излегуваме од пандемијата. Близок член на семејството има проблеми со здравјето, а тоа една од причините зошто сакам да ја напуштам оваа функција, односно одлуката што ја донесов е поради семејни и здравствени причини. Веќе имам кажано дека овој чекор сакав да го направам и порано – рече Дончев.
Дончев беше именуван за директор на ФЗО во август 2017 година.