Во Битола државниот инспекторат запечати над 40 кафемати. За затворањето на кафематите информираше директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.
Тој на прес-конференцијата истакна дека запечатувањето на кафематите е со цел граѓаните да не се собираат на јавните места каде што се точи кафе.
Освен на Широк Сокак, кафемати се запечатени и на бензински пумпи и во трговски објекти, рече Пауновски на денешната прес-конференција.
Пауновски додаде дека во Битола се затворени 16 угостителски објекти во Битола. М.М.