Полицијата во Скопје врши контрола на 230 лица кои имаат решенија за здравствен надзор и на 1.000 лица кои треба да бидат во самоизолација, а се вршат и засилени контроли низ Скопје поради собирање и групирање на луѓе, информираше техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. Тој кажа дека дека во моментов специјалци извлекуваат трудница од кризното подрајче, но чекаат дозвола од епидемиолозите.
– МВР ги превзема мерките за гарантирање на безбедноста и здравјето на граѓаните, првенствено во кризниот дел на државата. Одделот за специјални полициски операции презема активности во кризното подрачје, но ги ангажиравме и во целата држава. Тие го регулираат спроводот кон и од кризното подрачје, а тоа се Дебар и Центар Жупа, а исто така се ангажирани и за спроведување на одлуките на Владата во цела дражва Тие во изминатите 2 дена реализираа излекување на 64 лица и 2 лица во текот на вечерта со 24 возила, од селата Тресонче, Лазарополе, Осој, Манастирец. Овие села се во периметарот на кризното подрачје, но лицата беа изолирани и контролирани од епидемиолог кој даде дозвола да се извлечат – истакна министерот.
Во Дебар и Центар Жупа се пропуштени околу 60 возила кои доставувале храна и лекови. Во моментов се извлекува трудница од кризните подрачја, која чека преглед од епидемиолог.
– Вчера беа пропуштени 18 возила со храна, четири возила со лекови, 15 возила од компаниите кои работат на подрачјето на Дебар, пропуштени се и 25 возила со 34 лица кои вршеле достава на храна, лекови и средства за дезинфекција во општина Дебар. Во моментот медицински лица работат да извлечат една жена која е трудница, која заедно со специјалните полициски сили ќе биде надвор од кризното подрачје доколку тоа го дозволат епидемиолозите – кажа Чулев.
СВР Велес контролира 99 лица кои се во самоизолација, тетовската полиција врши контрола на 17 лица со решенија за здравствен надзор и 185 со наредба за самоизолација. Во Штип има 10 лица со решенија за здравствен надзор, а 246 со наредба самоизолација. Во Срумица има 11 лица со решенија за здравствен надзор, а 172 со наредба самоизолација. Во Битола има 32 лица со решенија за здравствен надзор, а 140 лица со наредба самоизолација. Во Куманово има шест лица со решенија за здравствен надзор, а 221 лица наредба самоизолација. СВР Охрид врши контрола 82 лица со решенија за здравствен надзор, а 205 се лица со решение за самоизолација.
– Одделот за специјални полициски задачи даваше асистенција на СВР Скопје за контрола поради недозволено групирање и собирање на граѓани за кои имаше информации дека се собираат во одделни подрачја и други градови за каде имаше информации дека не се почитува одлуката на Владата. Информирам дека уште во текот на денешниот ден секторите за внатрешни работи ќе бидат појачани со припадници на Единицата за брзо распоредување со цел поефикасна контрола на мерките од Владата – рече Чулев.
Тој повика граѓаните да пријавуваат непочитување на мерките.
– Во однос на телефонската линија информира дека во изминатите два дена евидентирани се вкупно 59 еленткронски пораки и 402 телефонски повици, а се прашува за регулирање на сообраќајот за товарни возила, функционирањето на граничните премини, како и за постапка за извлекување на наши граѓани на друга држава. За најголем број од прашањата. Ги повкувам совесните граѓани на 080000201 и е-маил адресата да ги користат за да добијат целосни информации и да пријават непочитување на мерките за самоизолација или секое друго непостапување како забраните за собири, функционирањето на угостителските објекти – потенцираше техничкиот министер.