Атиџе Муратова, главната хероина од филмот „Медена земја“, денеска беше во општина Лозово, на средба со градоначалникот Ацо Велковски.
Тој вети менување на покривот на нејзината нова куќа, нејзино вработување по доделувањето на оскарите, како и тоа дека ќе ѝ биде овозможено професионално да ги сними и да ги издаде своите две песни.
Taa ќе живее во куќа во селото Дорфулија.
Министерот без ресор за привлекување странски инвестиции, Елвин Хасан вчера поминал 36 километри пеш за да се сретне со Атиџе Муратова, главниот јунак од филмот „Медена замја“, кој доби две номинации за „оскар“.