Претседатлот на САД, Доналд Трамп користи мобилни телефони кои се во сопственост на Белата куќа, а кои не се опремени со современа заштита, што е промена на праксата на неговите претходници.
Портаолот „Поклитико“, повикувајќи се на два неименувани високи функционери од Администрацијата на Трамп, наведува дека поради тоа американскиот претседател е изложен на ризок од хакирање и прислушкување.
Во текстот се наведува дека Трамп користи најмалку два „ајфона“, од кои едниот го користи за повици, а другиот за Твитер и за следење новински сајтови.
Иако соработниците го убедувале американскиот претседател барем еднаш месечно да го менува телефонот што го користи за пишување пораки на Твитер, тој одбил со образложение дека е „премногу незгодно“.
Претходникот на Трамп, Барак Обама, на секои 30 дена ги предавал телефоните доделени од Белата куќа, за да ги проверат експерти дали се хакирани или прислушкувани.
Покрај тоа, Трамп користи телефон со камера и микрофон, за разлика од Обама, со што се зголемуѕва ризикот од хакирање. На уредите на Трамп е исклучен ГПС.