Во Косово заврши воената вежба „Шќипоња 6“ (орел 6) што ја организираа косовските безбедносни сили со учество на армиите на други шест држави.
Воените маневри беа реализирани во Кастриот (Брезница), Батлава и Колиќ.
На меѓународната воена вежба учествуваа 1.167 припадници и 147 возила, на косовските безбедносни сили, Националната гарда на Ајова-САД, Велика Британија, Македонија, Хрватска,Турција и Албанија, како и единица на косовската полиција, Агенцијата за заштита и спасување и Црвениот крст на Косово.
Според оценката на надлежните, вежбата завршила успешно, потврдувајќи ја „подготвеноста на косовските бебедносни сили да превземат нови одговорности“ со реализација на нивната трансформација во армија на Косово.
Во тие рамки, посочуваат, продолжува обуката на воени кадети на академии во други земји.
Во последните неколку години само во Германија,која се смета за најголем подржувач на Косово, обука успешно завршиле 165 косовски кадети.