На барање на комуналната инспекција на Битола, деновиве се остранети сите кеси за собирање на отпад кои незавсината советничка листа „Поинаку“ ги имаше поставено низ градот.
Откако претходно ЈП „Комуналец“ Битола поднело барање до комуналната инспекција при општината Битола, таа го донела решението за остранување на кесите во рок од 7 дена, бидејќи согласно законот за јавна чистота и одлуката на општината за одржување на јавните површини, никој нема право на своја рака да поставува урбана опрема за собирање на смет.
Со поставуавњето на кеси за собирање на отпад низ градот на своја рака, според зборовите на првиот човек на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски, советниците на „Поинаку“ всушност извршиле упад во организираниот и интегриран систем за управување со отпад. Според него, пред да бидат остранети кесите, голем дел од нив биле пронајдени на некои старо – нови диви депонии во Битола.