Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека граѓаните на Србија ќе имаат можност да се изјаснат за решението за Косово.
Вучиќ, на прес конференција со претседателот на Одборот на Бундестагот за односи со ЕУ, рече дека Србија е подготвена за разговори и компромис, но не и за уцени и закани.
– Граѓаните на Србија ќе имаат можност да се изјаснат за она што ќе сметаме дека е рационално и компромисно решение – рече Вучиќ.