Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид во Карпош, на местото каде што беше пронајдено безживотно тело на 38-годишен маж.
– Во насока на целосно расчистување на настанот и утврдување на причините за смртта, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за криминалистичко-техничка обработка на станот во кој престојувало лицето и на неговиот автомобил. Истовремено, ќе биде обезбедена и целокупната медицинска документација за починатото лице – се наведува во соопштението на ОЈО.
Дел од македонските медиуми објавуваат дека станува збор за самоубиство.