Времето утре во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне умерено облачно со услови понекаде и особено во планинските региони за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура од 6 до 12, а максималната од 24 до 28 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Температурата од 10 до 27 степени.
До сабота ќе преовладува топло време со значителен пораст на температурата на воздухот. Претпладне ќе биде сончево, а во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме и ќе има појава на град и засилен ветер. Особено поинтензивни процеси на повеќе места ќе има во сабота. Во недела и понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето со благ пад на температурата.