Најмалку 14 војници и полицајци загинаа во два одвоени напада во авганистанската провинција Бадгис, соопштија локалните власти.
Заменикот на регионалниот шеф на полицијата Гилам Сарвар изјави дека голем број на бунтовници нападнале единица на војската во регионот Аб Камари, при што биле убиени девет војници
Спред него, другата група бунтовници нападнала речиси исто време полиција во округот Кадис, и убила пет полицајци.
Никој не ја презема одговорноста за нападите, но во тој дел на Авганистан се активни талибаните.
Бомбаш самоубиец од ИД вчера го нападна Центарот за регистрација на гласачи во главниот град на Авганистан, Кабул, во кој загинаа 57 лица.