Медицински совет

Сода бикарбона, односно натриум карбонат, е солен алкален прав што има абразивни својства. Едно од нив е ефектно отстранување на наслагите од забите, со што добивате здрава и блескава насмевка. Се разбира, најдобар начин да ги избелите забите е посета на стоматолог, но за тоа може да ви помогне и сода бикарбона.
Сода бикарбона и паста за заби: оваа комбинација е наједноставно решение за избелување на забите. На четкичката ставете паста, а потоа на неа додајте малку сода бикарбона. Потоа четкајте ги забите, како што правите вообичаено.
Сода бикарбона и вода: во мал сад помешајте вода и сода бикарбона, при што се доволни само неколку капки вода за да направите паста. Со четка или со прст нанесете ја на забите и оставете да дејствува две-три минути. Потоа исплакнете ја устата со вода.
Сода бикарбона и лимон: лимонот содржи лимонска киселина, која е природно средство за избелување. Земете половина лажиче сода бикарбона и помешајте ја со половина лажиче сок од лимон. Миењето заби со оваа мешавина може да направи чуда.
Иако во рок од неколку дена ќе забележите дека забите ви се посветли, вистинскиот резултат ќе го добиете по неколку недели. Но внимавајте, не држете ја содата на забите повеќе од две-три минути,за да не ја нагризе забната глеѓ.