Последен пат јавноста ја виде Кејт Мидлтон на божиќната служба, која беше неколку дена пред Нова година. Потоа беше објавено дека итно била оперирана и дека станува збор за проблем со стомакот. Од Кенсингтонската палата досега излегоа само две кратки изјави: Кејт е добро и закрепнува во Виндзор.
Последниот бран на гласини беше поттикнат од фактот дека поради приватни причини Вилијам откажа некои обврски, вклучувајќи го и одењето на комеморацијата на неговиот кум, последниот грчки крал Константин.
– Во јануари Кенсингтонската палата јасно ја објави временската рамка на закрепнувањето на принцезата. Ќе ја објавиме секоја важна нова информација – велат од палатата, додавајќи дека 42-годишната принцеза „добро закрепнува“.
И покрај тоа, теориите за Кејт и нејзиното здравје не престануваат. Имено, на Твитер се бараат повеќе информации за тоа што навистина се случува.
„Каде отиде“, „Зошто сите молчат? На крајот на краиштата, зошто не ја видовме како ја напушта болницата по операцијата“, се само некои од коментарите.