Шарлот Казираги, принцезата од Монако и внука на легендарната актерка Грејс Кели, ја отвори ревијата на Шанел јавајќи на коњ. Шоуто беше претставено во Големата палата во Париз. Шарлот професионално јава повеќе од десет години.
Оваа луксузна модна компанија реши да ја отвори ревијата на малку необичен начин, бидејќи сака да ја прикаже „личноста на модерната жена“.
Иако Шарлот стана амбасадорка на Шанел дури во 2020 година, таа ја следи речиси секоја модна ревија на брендот уште од тинејџерските години. Покојниот дизајнер Карл Лагерфелд беше пријател на нејзиното семејство, а особено на нејзината мајка, принцезата Каролина од Монако. Тој секогаш беше задолжен за нејзиниот изглед за време на свечените настани.
Го сакам спортот и смешно е да се замисли дека можете да носите облека од Шанел додека играте голф или јавате коњ. Сепак, го овозможивме тоа. Беше возбудливо да се работи на оваа ревија – изјави уметникот Ксавиер Веилхан, кој соработуваше со дизајнерката на Шанел, Вирџини Вијард.