Многумина сметаат дека ранобудниците се најпродуктивни. Меѓутоа, една нова студија покажа дека на продуктивноста влијаат други фактори.
Истражувачите од „Бригам енд вименс хоспитал“ во Бостон ги следеле шемите на спиење на 61 студент што работеле 30 дена со полно работно време на колеџот „Харвард“.
Експертите ги следеле учениците што главно спиеле ист број часови, иако тие оделе да спијат и се буделе во различни периоди од денот во текот на еден месец. Лицата што се придржувале до истиот редослед на спиење имале подобри резултати, додека оние што легнувале во различно време во текот на неделата имале малку полоши резултати.
Експертите заклучија дека резултатите покажуваат дека одењето во кревет и будењето во исто време е позитивно поврзано со добрите академски перформанси.
Исто така, и други истражувања ја поддржуваат хигиената на спиењето.
Истражувачите од универзитетот „Бејлор“ спроведоа слична студија во 2018 година. Тие откриле дека колку е понеправилен распоредот за спиење на студентите толку полошо се справуваат со задачите во текот на неделата.