Патувајте на поинаков начин
Железничките патувања добиваат на популарност. Иако патувањето со воз често знае да биде поскапо од патувањето со авион, компанијата за резервации „Омио“ подготви листа на најисплатливи опции. Доволно е да отидете во некој од европските градови и од таму да ја започнете вашата авантура со воз.
1. Најевтината опција за патување во Европа
По цена од километар за минута, дополнителни услуги како тушеви, клима и превоз со велосипед, како и пристап со инвалидска количка, споменатата компанија како најевтина опција го издвоила возот од Париз до Ница.
Всушност, патувањето чини само 19 евра по лице, а растојанието што го минува возот е 1.088 километри. Тоа е исклучително популарна маршрута, а возот сообраќа на таа релација еднаш дневно. Патниците на овој ноќен воз имаат на располагање седишта или вагони со купеа што вклучуваат можност за користење кревети и места за инвалидски колички. Имаат и можност за превоз на велосипеди, а обезбедени се и тоалетите. Сепак, во овој воз нема кафулиња или ресторани, па затоа треба да го имате на ум тоа пред да се качите.
2. Најдолгото патување
Иако е на второ место меѓу евтините, односно патувања што даваат најголема вредност за парите, патувањето меѓу Братислава и Сплит е познато како најдолго на европска почва, бидејќи трае 16 часа.
Цената на билетот започнува од 29 евра по лице, а на патниците им се нуди можност за појадок, како и пијалаци и грицки, кои се бесплатни.
3. Уживање во најновите купеа за спиење
Патување меѓу Берлин и Брисел. Патувањето, кое вклучува маршрута долга 766 километри, чини од 49 евра по лице и е на третото место меѓу најевтините патувања со воз во Европа.
Се нудат три типа сместување: класични седишта, удобни капеа и луксузно сместување. Доколку одберат, патниците може да имаат вклучено појадок во цената и сопствен мијалник, додека тоалетите се заеднички и се наоѓаат во секој вагон.
4. Од Германија до Италија
Најниската цена на билетот за патување од Минхен до Ла Специа Централе во Италија започнува од само 11 евра. На патниците им се нудат и голем број бесплатни погодности, како што се крпи, тампони за уши, појадок и закуски. Купеата во овој ноќен воз се опремени и со клима-уреди и брави.
5. Од Брисел до Виена со одлични удобности
На петтото место на листата на најевтини патувања со воз во Европа е уште еден ноќен воз, кој сообраќа меѓу Брисел и Виена, а цената на билетот започнува од 29 евра по лице. Исклучителните дополнителни содржини се она што го издвојува ова патување, така што, меѓу другото, патниците имаат свои тоалети и тушеви, како и појадок, чај и кафе, а сето тоа е вклучено во цената на билетот. Патниците ќе добијат и пакет за добредојде, во кој освен крпи и тампони за уши има и ужина. Сите купеа имаат брави и клима-уред, а има и можност за превоз на домашни миленици и велосипеди.