Научниците од универзитетот „Беркли“ во Калифорнија развија експериментален дрон „мидер квадкоптер“, кој може да ја промени својата форма во воздух.
Дронот е производ од лабораторијата за роботи со високи перформанси, а за неговиот развој се користеле пасивни шарки и не биле потребни актуатори или сензори што трошат дополнителна енергија од батеријата. Со други зборови, секоја шарка се собира навнатре кога нејзиниот пропелер ќе застане или ќе почне да ротира обратно, а кога ќе се вклучи пропелерот, процесот е обратен.
Квадкоптерот може да ги склопи двата краци благодарение на овој метод и сепак да одржува стабилен лет. Тоа значи дека дронот може да ја смени својата форма, што му овозможува да помине низ тесни отвори, додека двата преклопни краци може да му користат за фаќање предмети.
Леталото може брзо да се спушти низ тесен отвор, бидејќи неговите краци пасивно ќе се преклопат кога пропелерите ќе застанат или ќе почнат да ротираат. Дронот може да се запре на висечка жица како кабел за напојување. Кога краците на дронот се свиткани, тежиштето на дронот се движи под жицата, што значи дека леталото ќе балансира и нема да падне.