Фестивалот „Таксират“, во соработка со „Скопје комеди“, го најавува новото шоу на популарниот холивудски актер, овој пат во улога на стендап-комичар – Никола Ѓуричко, во Филхармонијата во Скопје, на 7 март. Тој ќе настапи со својот нов стендап-материјал со наслов „Шоубиз“. По пауза од три години, 2023-та Никола ја започнува со многубројни успешни настапи и распродадени шоуа низ Балканот и Европа. Новиот материјал вклучува анегдоти и поуки од својот живот како холивудски актер и занимливости од својот приватен живот со своето семејство, кои – за среќа – ги има многу.
Никола Ѓуричко е српски актер, роден во Белград во 1974 година. Еднакво е активен и на филм, телевизија и театар, а првата позначајна улога ја добива во 1989 година, во култниот филм „Последниот круг во Монца“. Во својата кариера пред заминувањето во Холивуд, тој се запишува како актер во повеќе од 60 театарски претстави, а го знаеме и од филмовите: „Муње“, „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур“, „Седум и пол“, „Монтевидео, Бог те видео“ и многу други. Ѓуричко има освоено многу награди во текот на својата исклучително богата актерска кариера. Од неодамна со своето семејство живее во Лос Анџелес (САД), каде што за кратко време успева да го освои и Холивуд, со улогата на Јури Исмајлов во глобалната хит-серија „Почудни нешта“ на Нетфликс, во која покрај него глумат и големите холивудски ѕвезди Винона Рајдер и Дејвид Харбур.