Стареењето може да биде нешто што влева одредена доза страв кај повеќето луѓе, но сѐ поголем број научни докази сугерираат дека на некој начин животот може да биде подобар колку што сме постари. Иако можеби го достигнавте врвот во еден сегмент, голема е веројатноста дека ќе се подобрите во друг. На пример, тинејџерите можеби имаат најмногу енергија, но постарите лица имаат тенденција да го имаат најдобриот речник.

Учењето втор јазик е најлесно на возраст од седум до осум години

Експертите сѐ уште се збунети околу ова, но општо е прифатено дека најдобро време за учење втор јазик е кога сте многу млади. Повеќето експерти сметаат дека започнувањето пред пубертетот е оптимално – поточно, пред осумгодишна возраст.

Брзината на обработка на податоци достигнува максимум на 18 години

Според студијата на невролозите од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) и Општата болница во Масачусетс, човечката способност да размислува брзо и да запомни информации како што се имињата е најдобра на 18-годишна возраст. Многу брзо потоа, често на возраст од 19 години, почнува да опаѓа.
Физичката сила достигнува максимум на 25 години

Според студија на Универзитетот во Торонто, вашите мускули се во врвна сила кога имате 25 години. Ова е особено случај за спортови како што се спринт и пливање, кои бараат брзина, моќ и максимална потрошувачка на кислород.
Иако физичката сила го достигнува својот врв на 25-годишна возраст, студиите покажуваат дека таа не почнува веднаш да опаѓа. Ова е поткрепено со 50-годишна анализа на маратонци, која покажа дека просечната возраст за завршување на трката за нешто повеќе од два часа (што е мошне брзо) е 28 години.

Врвот на шахистите е околу 35 години

Играњето шах вклучува одредено ниво на когнитивни способности, вклучувајќи брзина на обработка, планирање, флуидна интелигенција и меморија.
Економистите од универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен анализираа 24.000 професионални шаховски натпревари за да го следат ефектот на врвните играчи. Тие откриле дека перформансите нагло се зголемиле до раните 20-ти и го достигнале својот врв околу 35-та година.

Способноста за фокусирање достигнува врв на 43 години

Студијата од универзитетот „Харвард“ и Бостонската лабораторија за внимание и учење покажа дека луѓето во средината на 40-тите, поточно на 43-годишна возраст, имаат тенденција најдобро да прават тестови за концентрација. Така, иако вашата способност за обработка на информации можеби е ослабена, постарите возрасни победуваат кога станува збор за подолго фокусирање.

Вокабуларните вештини го достигнуваат својот врв на 65-годишна возраст

Се покажа дека резултатите на луѓето на тестовите за вокабулар со повеќекратни избори продолжуваат да се искачуваат до средината на 60-тите години, според студијата на МИТ.
И не треба да седите и да читате речник цел ден за да го остварите тоа, тоа се случува природно како што старееме.

Психолошката благосостојба достигнува врв на околу 82-годишна возраст

Како што старееме, конечно учиме да го цениме животот. Во една студија објавена во Зборникот на трудови на Националната академија на науките на САД, научниците побараа од луѓето да замислат скала од 10 скалила за да го оценат својот живот. Најстарата група што ја проучувале (на возраст од 82 до 85 години) дала највисок просечен број на скали, околу седум.