Највисоката камена кула во светот, т.н. Болова пирамида, излегува од Тихи Океан, источно од Австралија. Тоа е околу 700 километри од Сиднеј. Оваа пирамида е всушност изгаснат вулкан, чиј врв останал испакнат над длабоката вода. Оваа импозантна кула издржува различни временски услови, ветрови, како и силни морски бранови. Денес се видливи само три проценти од нејзината првобитна маса.
Речиси два века, Боловата пирамида успешно им се спротивставува на човечките обиди да пристапи на нејзините брегови и да се искачи на нејзиниот врв. А забележани се и голем број неуспешни обиди за слетување на неа. Кревките карпи, силните морски струи и ветрови, ајкулите, птиците и долгите стоногалки речиси целосно го спречуваат пристапот до овој суров брег.

Се чинеше дека пирамидата ќе остане неосвоива засекогаш, но во 1965 година Брајден Ален и Џон Дејвис, заедно со австралискиот тим, успеаја да се искачат на врвот. Тие беа речиси принудени да се откажат во последните 60 метри, бидејќи парчињата карпи стоеја многу нестабилно, пропаѓајќи во морето на секој допир. Неколку години подоцна, качувањето по пирамидата беше забрането. Казната за непослушните планинари е 5.000 долари.