Во последно време на социјалните мрежи сѐ почесто се среќаваат необични совети за слабеење. Така, неодамна се појави тренд во кој се препорачува во кафето да се додаде сок од лимон.
Сокот од лимон во кафето би требало да помогне во отстранувањето на масните наслаги, но и да го намали ризикот од дијабетес. Иако комбинацијата на овие две состојки не е многу вкусна, таа стана исклучително популарна поради едноставното приготвување и достапноста на овие намирници.
За оваа комбинација се вели дека е и добар афродизијак, но нутриционистите истакнуваат дека не постои научен доказ што ќе покаже дека овој пијалак има такви придобивки.
– Кафето и лимонот се богати извори на антиоксиданси. Меѓутоа, нема значајни докази што сугерираат дека додавањето лимон во кафето нуди дополнителни здравствени придобивки, освен зголемувањето на внесувањето антиоксиданси – вели нутриционистката Кристал Скот.
Идејата дека овие две состојки во комбинација имаат различни придобивки доаѓа од фактот дека пиењето црно кафе и лимонада без додаден шеќер всушност ги стимулираат цревата. Покрај тоа, кафето содржи кофеин, кој го стимулира нервниот систем и ни дава енергија, а лимонот е богат со витамини и често се користи како природен лек, особено за настинки и грип.