Компанијата „Гугл“ од први декември почнува да ги брише „неактивните“ сметки, што значи сите сметки што не биле користени најмалку две години. Тоа значи дека електронските пораки, видеата, фотографиите, документите и која било друга содржина на таа сметка ќе бидат избришани.
Компанијата соопшти дека сметките што не биле користени долго време може да бидат компромитирани и дека тие обично имаат помалку безбедносни проверки и немаат двофакторна автентикација.
– Како резултат на тоа, овие сметки може да бидат киднапирани и да се користат за спам или друга злонамерна содржина, како и за кражба на идентитет – велат од „Гугл“.
Најлесен начин да се задржи сметката активна е корисникот да се логира најмалку двапати годишно, пишува „Вашингтон пост“.
Дополнително, сметката нема да се деактивира ако користите пребарување на Гугл или гледате Јутјуб преку неа.