Меѓу десетте финалисти на втората полуфинална веечер не се најде нашата Андреа Коевска, која доста впечатливо, сигурно и моќно ја испеа песната „Circles“ на Александар Масевски, додека текстот го потпишуваат заедно.

Таа успеа да собере сила и покрај сѐ што ѝ се случи деновиве поради еден нејзин непромсилен потег со фрлање на знаменцето на Македонија, за време на фотосесија, што предизвика лавина од реакции во земјава.

Всушност целиот евровизиски тим одлично си ја заврши работата, без оглед на тоа дали в година Македонија ќе има свој евровизиски претставник или не.

Се надеваме, сепак, дека овој настап на Андреа, за кој доби доста пофалби од колегите пејачи во земјава, но и лично од водителката Лаура Паузини, ќе ѝ отвори некои нови врати и оти ќе биде забележан од некои музички професионалци.

В сабота во финалето ќе ги слушнеме претставниците на: Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија, како и пејачите кои ќе пејат за земјите од големата петорка – Германија, Шпанија, Италија, Франција и Италија.

„Колку кршливи сме“ ја испеаја Мика и Лаура Паузини песната на Стинг во паузата за гласање, што е наша реалност последниве три години, но тие пееја и за соништата и за моќта на луѓето и уште неколку познати хитови, какви што за жал на годинашната „Евровизија“ нема многу, а ги придржуваа музичарите од конзерваториумот „Џезепе Верди“.

Сепак, италијанските преставници го обелија образот и во „Пала Олимпико“ се слушна вистинска мелодија, но и одлична изведба, а одлична беше и шпанската претставничка, како и песната на Велика Британија и рапот на Германија.

В сабота во ревијалниот дел ќе анстапат Лаура Паузини, Џињола Чинквети и ланските победници „Манескин“.

МРТ на првата програма ќе врши директен пренос од евровизиското финале.

М.Т.