Американскиот актер и режисер премиерно ќе го прикаже својот документарен филм за руската инвазија на Украина на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин во февруари. Пен беше во Киев на снимање документарен филм на крајот на февруари минатата година, кога започна руската инвазија.
Фестивалот, кој ќе се одржи од 16 до 26 февруари, ќе биде посветен на војната во Украина. Продукцијата на Пен, „Супермоќ“, ќе биде најочекуваниот филм за Украина на 73-то издание на фестивалот „Берлинале“.
Пен беше во Киев на снимање документарен филм на крајот на февруари минатата година, кога започна руската инвазија. Актерот и режисер, кој освои два „оскара“ за филмовите „Мистична река“ и „Млеко“, потоа беше фотографиран со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Пен во минатото предизвикуваше контроверзии за некои ангажмани, вклучувајќи го и неговото интервју со озлогласениот мексикански наркобос познат како Ел Чапо додека тој сè уште беше во бегство.