Холивудската ѕвезда (48) и основачот на „Амазон“ (59) се здружија за да ѝ помогнат на иницијативата „Предизвик за заштита на нашата планета“ да инвестира 200 милиони долари во напорите на бразилската влада да го зачува дивиот свет и да ги заштити животите на домородните луѓе во Амазонија во следните четири години.

Холивудската ѕвезда и основачот на „Амазон“ ќе донираат 200 милиони долари.
Ди Каприо ќе донира преку организацијата „Ри вајд“ што ја кооснова во 2021 година и која досега има собрано пет милијарди долари за заштита на загрозените видови и дивите предели.
– Ние сме инспирирани од амбициозните цели на Бразил за заштита на Амазонија, едно од најважните места за дивиот свет на планетата, и воодушевени сме што можеме да ги поддржиме овие напори преку „Предизвикот за заштита на нашата планета“ – изјави актерот.

Бизнисменот, пак, се приклучи во име на својот фонд „Безос ерт фанд“, кој го основа заедно со свршеницата Лорен Санчез, за да помогне во борбата против климатските промени.
– Амазонија е клучна за иднината на глобалниот биодиверзитет и климата и ја поздравуваме посветеноста на претседателот Лула и на бразилската влада да ја заштитат – изјави Кристијан Сампер, директор во фондот на Безос.