Меѓународен тим истражувачи предводени од Јапонија наскоро ќе испратат мал роботизиран ровер до марсовската месечина Фобос.

Јапонија, Германија и Франција претходно потпишаа договор за развој на роверот и истражување на Фобос. Роверот ќе биде лансиран како дел од јапонската мисија за истражување на месечините на Марс (MMX) и ќе работи на суровата површина на Фобос со ниска гравитација.

Роверот беше најавен на годинашниот воздухопловен саем во Париз, а неговата мисија ќе биде да ја истражува месечината и да собира примероци, кои ќе бидат транспортирани на Земјата со вселенското летало MMX. Мисијата не само што е интересна туку може да обезбеди непроценливи информации за потеклото на Фобос.

Развојот на роверот наречен ИДЕФИХ е речиси завршен, вклучувајќи ги сите инструменти и системи, а лансирањето треба да се случи во текот на летото.