Читателите од клубот на книгата „Феникс“ го избраа хитот за ова лето. Тоа е романот „Сребрени крилја“ од Камила Лекберг, која е најбарана книга. Романот на шведската писателка Камила Лекберг е долгоочекуваното продолжение на нејзиниот бестселер „Златниот кафез“ – психолошки трилер, возбудлива одмаздничка драма за предавството, борбата за правда и женското сестринство, во кој главната хероина е силна жена, незаборавната Феј.

Феј Аделхајм штотуку го започна својот нов живот во странство. Таа има незамисливо богатство, претседателка е на својот глобален бренд за козметика, кој го изгради сама од темел, а нејзиниот поранешен сопруг, чудовиштето што ја уби нејзината сакана ќерка Џулиен, го поминува остатокот од својот живот зад решетки…
Овој серијал неуморно ниже успеси и во Шведска и на меѓународен план.