Фото: МЖСПП

Чистењето на малата (делта) HCH депонија во ОХИС продолжува со ремедијација на Лот 3, со кој ќе се отстранат 525 тони на HCH отпад и 210 тони на земја контаминирана со HCH, информираа денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамки на досегашните активности спроведени за ремедијација на третиот лот, ископани и спакувани се 210 тони на земја контаминирана со HCH чиј извоз е планиран за следните два месеци и ископани и спакувани се 231 тон на HCH отпад, од кој околу 80 тони, во текот на вчерашниот ден се извезени на уништување во Франција.

-Како подготвителна активност, Министерството за животна средина и просторно планирање на 9 јуни 2023 година донесе Решение за одобрување на планот за ремедијација за Лот 3 кој е доставен од страна на изведувачот на чистењето, по што истата од 12 јуни 2023 година продолжи со работа – информираа од МЖСПП.

Според Министерството, во претходниот период, како резултат на активностите поврзани со чистење на првите два лота од малата (делта) HCH депонија во ОХИС, се извезени и уништени 957 тони на HCH отпад и 127 тони на земја контаминирана со HCH.

Фото: МЖСПП