Демонстрациското тестирање на првиот целосно автономен брод и неговиот систем за навигација беше успешно спроведено во Јапонија. Бродот пловеше самостојно повеќе од 240 километри, со брзина од 48 километри на час, а на крајот од своето патување успешно ја заврши процедурата за приклучување.
Технологијата што ја користи автономниот брод е развиена од компанијата „Мицубиши шипбилдинг“, подружница на фондацијата „Нипон“, а станува збор за траектот „Солеил“, долг 222 метри.
Демонстрацијата беше дел од проектот „Мегури 2040“ на фондацијата „Нипон“ за целосно автономни бродови, а проектот беше лансиран во февруари 2020 година. Тестовите на системот за автономна навигација ќе се вршат во следните три месеци.
Компанијата „Ролс ројс“ соработува со „Интел“ за да развие флота од автономни товарни бродови на кои нема да им требаат луѓе.
ИБМ се обиде да го премине Атлантски Океан во 2019 година со автономниот брод „Мејфлауер“, но тестот не успеа поради помал механички дефект.