Огромната санта мраз, наречена А58, секојдневно испушта повеќе од 1,5 милијарда тони свежа вода во океанот поради топењето на мразот. Станува збор за количество вода што е 150 пати поголемо од она што го користи цела Велика Британија дневно.
А68 беше најголемата санта мраз во светот за краток временски период, со површина од речиси 6.000 квадратни километри кога се одвои од Антарктикот во 2017 година. Но до почетокот на 2021 година исчезна, како и милијарда тони мраз.
Тим од универзитетот „Лидс“ анализирал сателитски податоци за да добие увид во промените во димензиите на ледениот брег додека се движел на север низ Јужниот Океан и влегувал во Јужниот Атлантик.
Истражувачите процениле варијации во топењето на брегот, кој постоеше три и пол години. Еден од клучните периоди беше кога А68 се приближуваше до потоплите клими и Јужна Грузија. Постоеше загриженост дека огромниот блок мраз може да заринка во околните плитки води и да ги блокира патиштата на милиони пингвини, фоки и китови, но не се случи тоа. Истражувачите откриле дека А68 загубила доволно од својата длабочина за да може да продолжи да плута.

До април 2021 година, А68 се распадна на многу помали фрагменти, кои повеќе не можеа да се следат. Но влијанието врз екосистемот ќе биде трајно. Фрагментите имаат значително влијание каде и да се појават, а нивната свежа вода ќе ги промени локалните струи. Железото, другите минерали и органската материја што ги „собрале“ за време на нивниот „живот“ ќе завршат во океанот и ќе „сеат“ биолошко производство.
Британците поставија уреди во близината на брегот А68 дизајнирани да ги следат условите, а собраните податоци се интересни.
Постојат силни показатели за промени во флората на фитопланктоните околу брегот А68, како и во таложењето на материјалот во подлабоките делови на океанот – заклучија истражувачите.