Тејлор Свифт, Маргот Роби и Ања Тејлор-Џој ќе се појават во најновиот филм на Дејвид О. Расел. Продукцијата на филмот е веќе завршена, меѓутоа датумот на објавување сè уште не е официјализиран.
Во филмот, покрај познатите дами, глумат и Кристијан Бејл и Џон Дејвид Вашингтон, а во големата актерска екипа се вклучени и актери како Рами Малек, Зои Салдана, Крис Рок, Мајк Мајерс, Роберт де Ниро, Мајкл Шенон и Тимоти Олифант.
Во проектот на компанијата „Њу риџенси“, Расел ќе работи врз основа на сопствено сценарио. Исто така, ова е првпат тој да се најде во улога на режисер, по филмот „Џој“ од 2015 година, во кој главната улога ја има Џенифер Лоренс.
Деталите за дејството на новиот филм се чуваат во тајност, меѓутоа познато е дека снимањето во Лос Анџелес е веќе завршено. Филмот ќе биде објавен од студиото „Твентиет сенчури“, но официјалниот датум сè уште не е утврден.
Филмот ја одбележува првата улога на Свифт од филмот „Мачки“ во 2019 година, кога таа ја играше Бомбалурина во универзалната адаптација на мјузиклот на Ендру Лојд Вебер.
Другите актерски улоги на пејачката ги вклучуваат „Денот на вљубените“ на Гери Маршал и адаптацијата на филмот „Дарителот“, во кој глуми Мерил Стрип.